речник контакт

Јоксимовиќ и Ван Гог на Питијадата порачаа, не ја забранувајте музиката

Гостите од Србија реагирааа, македонските изведувачи молчеа

Петар Печков

13-тата по ред велешка Питијада привлече многу гости и собори повеќе рекорди.  Така на  саботниот концерт на Жељко Јоксимовиќ присуствуваа повеќе  од   20 илјади  гости,  бројна беше публика и во  неделата на настапот на групата Ван Гог.  Во одлична атмосфера, забава, свирка   и Јоксимовиќ и Ван Гог  реагираа на забраната за емитување на музиката.  

Дајте му на  народот музика, нека  ја слуша. Таа не  смее да биде забранета – рече  Јоксимовиќ и ги собра аплаузите од илјадниците посетители кои дојдоа во Велес да ја видат во живо Балканската поп  ѕвезда. Ден подоцна  тоа го стори и фронтменот  на групата Ван Гог, Звонимир Ѓулиќ Ѓуле, кој порача

Забраната за музиката  на  Ван  Гог не важи, нека се пушта и слуша на  тв  и радио - рече Ѓулиќ.

Со оваа порака тие одговорија на  забраната за емитување на музика од Македонија, Србија, Црна Гора и Словенија која ЗАМП ја воведе а СОКОЈ ја поддржа.  Во петокот вечер и покрај дождот,  бројна  публика во Велес  ги следеше настапите на Каролина и групата Љубојна, засилени со Џамбо Агушев.  

Одлични свирки на Питијадата  имаа и македонските изведувачи  Дани, ДНК и Нокаут, кои ја ,,запалија,, младата публика.    Никој од нив не реагираше на забраната за емитување на македонска музика.

За  трите дена  манифестацијата,  според организаторот, Општина Велес,  собра 70  илјади  гости.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »