речник контакт

Јолдашев за пожарникар, Шаќировски за полицаец, Андреев за хуманист и Царев за комунален работник, признанија за најдобрите во 2022 година (фото)

Градоначалникот Марко Колев упати новогодишна честитка за граѓаните на Општина Велес. Се врачија и стипендиите за талентиранитте студенти и средношколци

Петар Печков

Традиционално на новогодишна свеченост, Општина Велес со признанија за најуспешните во годината што заминува. 

Наградата најдобар пожарникар  ја доби   Александар Јолдашев, пожарникар спасител во Територијална противпожарна единица Велес.

Општина Велес го награди  и полицискиот службеник Џеваир Шаќировски.

 Јован Андреев, хуманист на годината за 2022. Во 1975 за прв пат дарувал крв. И така до сега цели 47 години непрекинато, несебично и редовно дарува од скапоцената течност од ретката крвна група АБ+. Во текот на 2022 година, на неговиот роденден 25 октомври, Јован Андреев по 100-ти пат се впишува во книгата на крводарители.

Најдобар од комуналното претпријатие оваа година ја понесе Зоранчо Царев. Тој е вработен во Јавното комунално претпријатие од 2010 година, како  возач во Секторот комунална хигиена.

На свеченоста се обрати и градоначалникот Марко Колев, кој упати новогодишна честитка за граѓаните на Општина Велес.

„Оваа година беше прва од мојот мандат, година со многу предизвици и проблеми. Имаше работи кои не зависеа од мене градоначалникот, ниту од Советот, ниту од државната, централна власт. Тоа е војната во Украина, потоа економската криза како и енергетска криза, кризата со храна.  Се случија и убави работи,  подобрена е соработка меѓу Советот и градоначалникот, подобрена е соработката помеѓу локалната и централната власт во интерес на општото добро на граѓаните. Во следната 2023 Ви посакувам пред се добро здравје! - порача Колев.   

Се врачија и стипендиите кои  во оваа наставна година 2022/23  девет месеци ќе добиваат  20 талентирани средношколци и 12 студенти.

Годинава донатори на стипендии се Агриа, агроиндустриска групација Велес и Жито Маркети Велес.

Студенти кои добиваат се Виктор Игнова од Агриа, агроиндустриска групација Велес, Марија Ордева Кристина Ивановска, Тамара Коцевска, Леонид Миланов ,Марија Давчева од Жито Маркети Велес и  Бојана Кацарова, Љубенка Ордева, Виолета Иванова, Орданче Рибарски, Ана Трајчева  и Андреј Кодовски студенти поддржани од Општина Велес.

Стипендии за ученици добија  Марко Поптодоров  од Агриа, агроиндустриска групација Велес, Леон Арсов, Љубенка Малинова, Џенита Кицара, Миа Трајковска Ана Шопова  од  Жито Маркети Велес и Мартина Арсовска, Марија Нечева, Дамјан Арсеновски, Деспина Миланова, Сара Адамчевска, Василка Карталова, Матеј Гелев, Кристијан Мартулков, Лилјана Филипова, Наумина Стоилковска, Ана Тодорова, Мартина Јаневска, Јани Штерјов и Анѓела Драган од  Општина Велес.

Новогодишната свеченост беше можност да се оддадат признанија на вработените од локалната самоуправа. 

Најуспешни за 2022 се Магдалена Спасева, раководител во Одделение за поддршка на градоначалникот, Сања Карабатова Игновска, советник во Одделение за управување со човечки ресурси, Виктор Јаневски, помлад соработник во Одделение за информатичка технологија, Билјана Шопова, советник во Одделение за финансиски прашања, Александар Анастасовски, советник во Одделение за евроинтеграции и локален економски развој, Ангела Чичевалиева, виш соработник во Одделение за урбанизам и Веса Смилева, советник во Одделение за комунални работи и сообраќај

За  15 години континуирана работа во Општина Велес награди добија Наташа Петреска и  Снежана Дервишова.  За 10 години  Тодорче Поп-Златанов, Благој Калаузаров, Жарко Атанасовски, Ирена Левкова и Владимир Трајков.

Свеченост абеше збогатена со настап на Орхидеја Дукова и Сашко Костов и на децата од Балетско студио Анабела.

фото Општина Велес

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »