речник контакт

Јордан Витанов, добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“

Наградата ќе се додели понеделник на 15 мај, на отворањето на фестивалот „5ре“

Петар Печков

Јордан Витанов е годинашен добитник на актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. Ова го соопшти градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, на прес конференција, најавувајќи ги содржините  на 2-от Фестивал на комедијата „5ре“.

„Наградата била едногласно доделена од страна на тричленото жири. Имало пристигнато две пријави по конкурсот кој го распиша Општина Велес“ - кажа Колев.

Витанов од минатата година е во пензија, но и натаму настапува на матичната сцена. Активна е претставата „Татко“ каде тој ја толкува главната ролја. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.

Наградата ќе се додели понеделник  на 15 мај, на отворањето на фестивалот „5ре“. Таа е парична во висина од 500 евра и плакета со ликот на Прличко.  Советот на Општина Велес го избра жирито, претседател Игор Џамбазов,актер и лански добитник на наградата, Дејан Дуковски режисер од МНТ и Талија Настова актерка од велешки театар. 

Наградата се доделуваше како дел од свечености за 9 Ноември, денот на општината а од лани се доделува во рамките на театарскиот фестивал на комедијата „5ре“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »