речник контакт

Јубилеј на ОМУ „Киро Димов“

Основното музичко училиште „Киро Димов“ од Велес, го одбележа јубилејот 60 години од постоењето со концерт на неговите ученици.

Петар Печков

Основното музичко училиште „Киро Димов“ од Велес, го одбележа јубилејот 60 години од постоењето со концерт на неговите ученици.

Ова е најстаро училиште за музика во земјава, основано на 14 ноември 1946 година. По тој повод учениците  оддржаа концерт на кои свиреа дела од повеЌе светски и домашни автори.

- Горди сме на овој редок јубилеј на најстарото основно музичко училиште во Македонија. За овие 60 години завршија три илјади ученици а сега во четирите одделенија учат 200 деца кои посетуваа настава по пијано, виолина, кларинет , флејта и гитара - изјави Светлана Ташева директорка на училиштето.  

Вработените се горди што тие ја продолжуваат традицијата на најпознатите македонски музичари Стефан Гајдов и Жифко Фирфов, родум од Велес. Во ОМУ „Киро Димов“ се школувал и виолинистот Костадин Богдановски, сега концерт мајстор на операта во Барселона шпанија.

Дел од инструментите со кој почнало училиштето да работи биле национализирани а дел биле добиени од расформираните тогаш актуелни музички друштва.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »