речник контакт

Јубилејна 35-та изложба на благородни птици

150 птици, во многу бои и со птичји пој на изложбата на благородни птици

Петар Печков

 Секоја година  велешките љубители на птици, го одбележуваат Денот на општината 9-ти Ноември, со изложба на благородни птици. Годинава е јубилејна 35-та изложба. Изложени 150 птици од  Велес, на петнаесетина членови и таа е ревијална. Сместена е во просториите на Ловното друштво ,,Руен,, под Ликовниот салон и е отворена до недела вечер до 18 часот.

Има голем број  на варијации на птици, стандардни, варијации, мутации, птици вкрстувани  или бастарди, појни или  птици во боја. Секоја од овие птици е прстенувана,заради нејзина идентификација и секоја година тој е со различна боја. Матичниот број за Велес е 20, потоа следи бројот на одгледувачот па бројот на годината , со што било која од овие птици може да се најде ако некаде се загуби - вели  Ацо Нанев, претседател на Здружение за одгледување и заштита на благородни птици и птици пеачки, ,,Канаринец,, кое е формирано далечната 1973 година. Годините прескокнати со не одржување на изложба на птици се должат на птичјиот грип

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »