речник контакт

Јубилејната 25 генерација војници доброволци даде заклетва (фото)

За овие 8 години и 25 генерации, доброволно војска во редовите на АРМ, во велешката касарна, служеа околу 4 илјади војници

Петар Печков

 Во Велешката касарна ,,Алексо Демниевски  Бауман,, 25-тата генерација на македонски војници, доброволци ја даде свечената заклетва.   Во стројот беа 165 војници, од нив 12 беа девојки. Следните три месеци тие ќе  ја минат  војничката обука и ќе ги учат војничките вештини.  

Вашиот избор доброволно да го служите воениот рок е мудра одлука. Треба да се чувствувате горди, што го направите вистинскиот избор, за вашите животни определби. Тука ќе се здобиете со вештини и знаења кои ќе ви користат во животот, да станете подбори синови и ќерки, подобри личности и подобри граѓани на Република Македонија. Армијата е школа од непроценлива вредност.  Вие родителите и ние  како Министерство им благодариме  за нивната одлука, за доброволно служење - рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.  Меѓу доброволците беше и Стоја Крстов

Отсекогаш сонував да  бидам дел од безбедноста на земјата, да носам униформа, да бидам бранител. Сонував да бидам зад вратите на   безбедноста на земјава. Тука сум оти сакав да бидам, се е така што  замислував - рече Крстов   завршен електро техничар енергетичар,  од Куманово, а негова желба е еден ден да биде дел од специјалните единици.

Меѓу доброволците има и 12 девојки една од нив е скопјанката Анисија Павловска 

  Отсекогаш ми било предизвик и желба да бидам дел од одбраната, да и служам на мојата татковина. Се привикнав на новите услови, не е тешко  - рече  Павловска која  има 20 години. На заклетвата годи и беа нејзиното семејство вклучувајќи ја бабата Благородна.  

Доброволното служење на војска е воведено од 2007-та а првата генерација војници во велешката касарна, каде единствено се обучуваат, е од јануари истата година. Тогаш на 28 јануари,  првата класа броеше 200 војници и 20 девојки.  Досега за овие  8 години и 25 генерации, доброволно војска во редовите на АРМ  служеа околу 4 илјади војници. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »