речник контакт

Јубилејни 50 Детски Рацинови средби

Учесниците твореа на ликовен и литературен конкурс ,,Мојот град, моја инспирација,,

Петар Печков

На 2-ри и 3-ти ноември во Велес по 50-ти пат  ќе се одржат Детските Рацинови средби.  На манифестација се очекува да присуствуваат 60-тина ученици од повеќе училишта во земјава.  

Четврток на напладне во салата ,,Бели мугри,, на свеченото отворање ќе бидат врачени  Гран при наградите од ликовниот и литературен конкурс ,,Мојот град моја инспирација,, како и наградите  за секоја категорија 6-7, 8-9 одделение  и за прва и втора година средно.  

На конкурсот стигнеле 70 ликовни дела и 250 литературни творби.   Во 14,30 ч. во Градскиот парк ќе бидат засадени 50 садници цвеќе за Рацин. Во 15ч. во сокачето на поезијата, пред куќата на Рацин ќе има  поетско читање на  наградените трудови.  

Петок е планиран поетски карван по училиштата низ Велес, со читање на поезија  а во 12ч. во Ликовниот салон  е промоција на книгата  ,,Марта,, од Горјан Петревски.  

Организатор на Детските Рацинови средби е Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,, од Велес а финансиски помогнат  од Општина  Велес.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »