Петар Печков
Објавено: недела, 19 април 2015
Клавирот марка Јакуб Чапка заедно со останатиот дел од опремата од стариот велешки театар, се најде во новата зграда. Заради преселбата беше потребно и да се наштима. Таа можност ја имаше велешанецот Ѓорѓи Југов, кој со големо задоволство ја заврши. Клавирот е стар повеќе од 160 години.
Два дена беа доволно да се наштима стариот клавир. Тој е во добра состојба, вади одлични звуци и на него може да се свири. Актерите можат да го употребуваат - вели Југов. Тој верува дека клавирот е произведен помеѓу 1850-1860 година.
Клавирот е производство на Јакуб Чапка, Чех, кој работел како клавир мајстор во Виена, Австрија. Имал мала работилница. Клавирот е донесен во Велес по ослободувањето, во периодот 1945-46. Според информациите од постарите актери во театарот, а го донел мајсторот Димче Стојанов и тоа до Панчево, од тамошна фамилија.
Постоеле и документи за колку пари е купен, веруваат од некоја германска фамилија која живеела во Банат. Од Панчево до Велес убаво спакуван донесен е со воз во зградата на театарот. Пред 10-тина години клавирот е реставриран а донесени се делови и жици од Виена.
Tweet |