речник контакт

Јужноафриканската војска во битка против ловокрадците на носорози во Кругер

Jужноафриканските војници беа испратени во националниот парк Кругер за да ја чуваат границата со Мозамбик, каде тешко вооружни и добро организирани ловокрадци вршеа најголем колеж на носорои досега, со цел да го снабдат азискиот црн пазар на традиционална медицина

Петар Печков




Војниците спијат во шатори и се кријат од лавови кои рикаат во темнината, се штитат со моќни пушки со кои исто така се бранат од уште поголемата опасност, од ловокрадците.

Jужноафриканските војници беа испратени во националниот парк Кругер за да ја чуваат границата со Мозамбик, каде тешко вооружни и добро организирани ловокрадци вршеа најголем колеж на носорои досега, со цел да го снабдат азискиот црн пазар на традиционална медицина.

„Не доаѓаат само ловокрадци да ловат заради месо, или да доаѓаат со ножеви или стрели и да ловат со ловечки пушки“, вели Кен Магс, врвен криминалистички истражител за животна средина во паркот.

„Тие доаѓаат подготвени за борба. Затоа тактиката која ја спроевдуваме на теренот е воена, паравоена“.

Ловокрадците доаѓаат преку границата со Мозамбик опремени со ноќни визири, калашњикови, со ловечки пушки, а еднаш дури и со гранати. Движејќи се во темнината, тие го подигнуваат вниманието на ренџерите во паркот.

Воените патроли се првата линија на одбраната. Работат заедно со ренџерите во паркот и се движат во раните утрински часови низ грмушките, одговарајќи на заканите и на предаторите и на ловокрадците.

Една вечер група лавови се одмараа на само 100 метри од нивниот камп. Но ловокрадците претставуваат поголема смртна закана и не се колебаат да отворат оган врз патролите.

Оваа година во Кругер беа убиени 15 ловокрадци, девет беа ранети и 64 уапсени. Мисијата изгледа дека функционира.

Март беше најсмртоносниот месец за носорозите во Кругер досега: 40 животни беа убиени заради нивните рогови, велат од полицијата. По испраќањето на војската во паркот, бројката на убиени животни постепено опаѓа, и достигна 30 во април и 15 во мај, додека во јуни беа убиени само два носорози.

Ова е прв, но сеуште непостојан знак за подобрување на ситуацијата уште од 2007, кога во Јужна Африка беа убиени само 13 носорози од ловокрадците - споредбено со 333 минатата година.

Но успехот во паркот ќе реши само еден дел од проблемите во спречувањето на побарувачката од Азија - посебно од Кина и Виетнам - каде роговите од носорозите се употребуваат во традиционалната медицина за третирање на многу болести, од крварења од носот до грозници.

„Последната криза со ловокрадци се случи заради зголемената побарувачка од Виетнам, каде најновиот тренд е употреба на роговите од носорозите во третирање на канцери“, вели Алона Риворд, портпаролка на еколошката група ВВФ.

Роговите на носорозите се создадеи од кератин, исто како човековите нокти, и немаат значајна научна медициснка вредност, но тоа не го спречува побарувањето на црниот пазар. Кина ја забрани употребата на носорози во медицината, но спроведувањето на овој закон отсуствува, велат активистите конзеравтори.

Високите цени во Азија доведоа до покомплициран проблем: манипулација со легалните ловечки трофеи од Јужна Африка за извоз на рогови од носорози кои завршуваат на црниот пазар.

Посебно се загрозени црните носорози, останати се само 4838 во целиот свет, што значи дека постои ризик на нивно истребување, велат од Меѓународната унија за конзеравција на природата.

„Белите носорози се побројни и нивниот број изнесува 17,480. Тие легално се ловат во Јужна Африка, со дозвола која чини само 50 ранди (7,5 долари или 5 евра)“, вели Ринет Коетце, извршен менаџер на проектот за законска и политичка програма во Фондот за загрозени врсти.

„Таму се лови и сето тоа е легално бидејќи за тоа се издаваат дозволи“, вели таа.

Секој ловец смее да улови само по еден носорог годишно, но полицијата на почетокот на месецов го уапси тајланѓанецот Чумлонг Лемтонгтаи, под обвинение дека работи во група за шверцување на 40 рога до кои се стигнало по пат на издадени дозволи за лов.

Тој наводно им плаќал на негови пријатели, па дури и проститутки да се прикажуваат како ловци, и работел со избесен јужноафрикански фармер и трговец кој купувал носороци на аукции, но набрзо ги убивал откако овие ќе пристигнеле на неговата фарма.

Чумлонг наводно ги продавал роговите за 55,000 долари по килограм, што е букваллно поскапо отколку да се од злато.

„Се борат овој закон за лов на торфеи да остане затоа што администрацијата за дивиот свет во државата нема доволно луѓе и возила да си ја вршат работата“, вели Коетце.

Магс смета дека има корупција во бизнисот со дивиот животински свет, кој го нарекува криминал со „каки крагни“. Овој проблем повторно излезе на виделина кога во понеделникот еден ренџер од паркот Кругер беше уапсен заради поврзаност со ловокрадците.

„Инволвирањето на некои професионалци од индустријата е загрижувачки и голем проблем“, вели Магс наведувајќи ги професионалните ловци, ветеринарите и фармерите кои „користат заради високите цени кои им се плаќаат за рогови од носорози и нивно илегално шверцување“

Преземено од Франс  интернасионал 24 - Париз

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »