речник контакт

Јулијана Павлова е Вешта жена на Велес за 2024 година

Павлова ќе го претставува Велес на завршната манифестација која ќе се одржи во месец мај во Тетово

Петар Печков

Јулијана Павлова е Вешта жена за Велес за 2024 година. Манифестацијата  која се одржува традиционално, со години наназад, е во организација на Вешта жена и  Организацијата на жени Велес.

Павлова ќе го претставува Велес на завршната  манифестација за Вешта жена на Македонија, која ќе се одржи во месец мај во Тетово.

На годинашниот настан учествуваа четири жени кои подготвија предјадење,  главно јадење,  десерт, но се оценуваше и поставеноста и декорацијата на масата,  икебана,  а жирито заедно со присутните гости   ја избра за најуспешна Јулијана Павлова. Еден од спонзорите на манифестацијата е велешки „Кристал 1923“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »