речник контакт

Јуниорите на МВК победници на Велосипедскиот куп на Македонија

Василевски, Цветков и Николов беа побрзи и од сениорите, во трката која се возеше до Росоман и назад во должина од 116 км

Петар Печков

Тројцата велосипедисти  јуниори кои победија на  трката за Купот на Македонија оставарија подобро време отколку сениорите.

Игор Василевски како прв,  Драган Цветков како втор и Кристијан Николов тројцата членови на МВК од Велес ги победија велосипедистите, победници во сениорска конкуренција Стефан Петровски од Вело- М Куманово, Зекир Зекири oд Енерџи и Никола Ѓуриќ од Вело М.

60-тина велосипедисти од 8 клубови возеа на патека во должина од 116 км. од Велес, преку Росоман, Неготино и Кавадарци  назад до Велес.  Оваа трка беше за велосипедскиот куп на Македонија.

На двојно пократката патека  до Градско и назад, возеа и девојки каде победи Анета Антовска од Енерџи од Скопје. Организаторот на Куп трката беше велосипедскиот клуб МВК од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »