речник контакт

Јуфките и корите ја зголемија потрошувачката на јајца

Зголемената потрошувачка на јајца, како за Велигден и намаленото поризводство, придонесоа да ги нема во велешките продавници

Петар Печков

Јајцата станаа дефицитарна стока, откако често се случува во велешките продавници да ги снемува. Крајот на летото е вообичаено период кога се јавува зголемена потрошувачка, поради подготовките на кори и јуфки, па во одделни периоди од седмицата, вообичаено преку викенд, во продавниците  се јавува и недостиг. Домаќинките во потрага и трка да се најдат квалитетни јајца по поволна цена, бидејќи побарувачката е како за Велигден.

 Јајцата ги снемува во  викенд, сабота или недела, или празничните денови, кои последните две седмици ги имаше доста. Тогаш жените се дома и можат да подготвуваат јуфки или кори. Ни се случува да ги снема јајцата, па тие негодуваат и бараат во други продавници – вели продавачка во Жито Вардар, фирма  кој важи за најголемиот производител на консумни јајца во Македонија. Јајцата се купуваат  во големи количества по две три табли.

 Зависи од тоа колкава е фамилијата, за колку души се сука. Јас земав три табли, треба за ќерката,за синот и нивните семејства, да подготвам. Годинава имаме убаво време, топло и подоцна се сукаат, па се поклопија со подготовките  на другата зимница. Единствено јајцата не скокнаа годинава, се друго поскапи, па ќе направиме повеќе кори – вели Николина Саздова, која пазараше за овој викенд  да усука јуфки. Од подготовките на овој специјалитет, некои домаќинки направија семеен бизнис и најдоа начин да го закрпат домашниот буџет.

 Има жени кои се на работа или можеби не знаат да сукаат, па нарачуваат. Тие си носат брашно, млеко и јајца, од мене е раката. Пари или печалба колку за да се закрепне домашната финансиска состојба. Има работа, има заинтересирани. Отсекогаш имало работа, само треба да се најде – вели Стојна М, велешанка кој со оваа работа се занимава со години.

Цената е 500 до 600 денари за сто кори, за кои е потребно и пет кг брашно и два литра млеко. Или есапот е  сто кори чинат до   900 денари ако  го подготвува друг, ако се купува во продавница килограм јуфки е  150 денари. Во други случаи, подготвувањето на јуфки е можност за дружење, па се собираат повеќе домаќинки и заедно го спремаат овој специјалитет. Некои имаат и машина за нивно сукање. Но за ова ќе мора да се потрудат да најдат јајца, бидејќи овој период има денови кога ги нема.

Потрошувачката на јајца е двојно зголемена, во однос на јуни, почетокот о летово. Сега е на рамниште како за Велигден, кога најмногу се трошат. Не можеме да престасаме со дотурот во сите градови – вели производител на јајца.   И покрај зголемената потрошувачка, цената остана иста, не е сменета. Велат дека не сакаат да печалат на грбот на потрошувачите. Но не само зголемената потрошувачка влијаеше на недостигот на јајца. Бил намален и бројот на одгледувани  кокошки.

 Нема доволно јајца, паднато е производството. Скапата цена на храната за кокошките, беше причини да се редуцира нивниот број, па сега имаме и помалку произведени јајца. Тоа се чувствува на пазарот, преку овој недостиг. За жал во Македонија имаме највисока цена на сточната храна, не само за кокошките  туку и за свињите, говедата– вели друг производител.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »