речник контакт

Љубе од Дворови, сликар, поет, наивец

Дваесет години се бави со наивна уметнсот, сликање и поезија. Преку зборот и сликата ја изразува сегашноста, болката и маката на човекот

Петар Печков

Љубе Мирчевски 54 год роден во село Нежилово, 46 години живее во Дворови.  Нема човек кој не го познава Љубе а не минел преку Железен мост, бидејќи неговата куќа е токму капијата за него.  Тој пречекал и испратил илјадници ученици  основци од некогашното училиште Трајко Андреев, ги познава кога се враќале тажни или расположени, зависно од оценките. Или првите детски љубови, кои биле изразени преку наивното детско лице. Сите тие минеле низ дворот на Љубе. И сите оставиле дел, траг во неговите дела.

Тој е познат меѓу велешани како Љубе сликарот или Љубе поетот. Пред дваесет години се бави со наивна уметност, сликање и поезија. Негово ателје е гаражата, каде го чува материјалот а дома се распослани стотиците слики, во различни техники. Досега има една самостојна изложба организирана од Народниот музеј во 1995-та година во тогашниот Ликовен салон во куќата на Ѓоргови. Се претставил со туш, молив и акварели. Сега го менува стилот и работи во други техники.  Има силна желба повторно градот да му организира претставување на неговите дела. Има изработено и фигури од дрва со наслов ,,И дрвото има душа,,. Има и глинени фигури. Денешните дела  кои ги црта се во масло на платно, темпера на платно, акрил на платно, шперт.

Јас сум наивец по душа, вљубеник во уметноста. Не сум академски сликар. Не живеам од уметноста, живеам за неа. Знам и ноќе кога ќе добијам инспирација да станам и цртам. Имам потрошено од блиската книжарница повеќе од илјада хамери. Голема желба ми е да имам нова самостојна изложба и повеќе велешани да го видат мојот труд – објаснува Мирчевски.

Познат е  и како Љубе поетот.  Има издадено три книги, првата е ,,Сон,, втората ,,Жиг на времето,, и третата ,,Завет,, . Во нив има најмногу социјални но и дел се со љубовни песни. Го инспирира сегашноста, маката и болката на човекот. Затоа вели и такви ми се делата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »