речник контакт

Љуткова, Чанева и Бузалковски, просветни работници на годината (фото)

Признанија и за најдобрите ученици во општината средношколецот Христијан Андоновски и Даниела Теовa кај основците

Петар Печков

По повод Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј, 24 мај, локалната власт им оддаде признанија на најдобрите преосветени работници во општината за учебната година што изминува, 2021/22..

Признанието за  најдобар наставник во одделенска настава во Општина Велес за 2022 година ја доби Елица Љуткова од ОУ „Панко Брашнаров“, која 29 години на учениците им ги два првите знаења. Признанието за најдобар наставник од општинските основни училишта во предметна настава го доби  Љубинка Чанева, наставник по биологија  во ОУ “Панко Брашнаров” со 26 годишен работен стаж. Признание за најдобар наставник од општинските средни училишта  го доби Методија Бузалковски, наставник  по економска географија во Економското училиште  „Јовче Тесличков“. Наградата е парична во вредност од 15 илјади денари.

„Чест е мое и на колегите добитници за признанието. Ова е мотив повеќе за продолжиме да чекориме по  патеката по која сме тргнале и одиме, да придонесеме за развојот на идните генерации. Образованието е најблагодарната професија“ - кажа добитничката Љубинка Чанева во името на добитниците.

Неколку години по ред, од 2018-та, се доделуваат признанија и за најдобрите ученици во општината.  Помеѓу  учениците во средно образование  најмногу се истакнаа  Христијан Андовски ученик во III година во електротехничка струка, образовен профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во „Коле Неделковски“. Кај учениците во основно образование признание доби Даниела Теова ученичка во шесто одделение во ОУ Васил Главинов. Учениците како награда добија чек во вредност од пет илјади денари.

„Образованието, јазикот, писменоста, се многу битни за градот, државата. Ќе направам се тоа што е традиција да ја одржиме, да ги вреднуваме најдобрите во образовниот процес, но и да ја надградуваме. Општина Велес ќе  соработува со Министерството за образование со цел  унапредување на образованието. Овие награди се повик за останатите ученици, наставници да се вложат во наредната година и тие да бидат добитници“ - кажа градоначалникот Марко Колев.  

Годинава благодарнциа за вработените воспитувачки и негувателки од Детските градинки од Велес, каде децата го започнуваат нивниот процес на социјализација. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »