речник контакт

Ќе има ли одговорност за рушењето на Работничкиот универзитет во Велес

Од ОЈО Велес велат побарaни се вештачења по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука

Петар Печков

До каде е истрагата по предметот за срушената зграда на Работничкиот универзитет во Велесм праша ТрМр во велешкото обвинетелство? Од ОЈО Велес одговорија дека предметот е во предистражна постапка.

„Предметот е во фаза на предистражна постапка во рамките на која Основното јавно обвинителство Велес нареди градежно вештачење, економски и електротехнички вештачења, се врши распит на лица и се обезбедува документација за работните машини, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“ – соопштија од ОЈО Велес.

На последната седница на Советот на Општина Велес, членот Маргица Урумова праша дали градоначалникот има информација, што се случува со предметот за рушењето на Работничкиот универзите, кој се случи пред две и пол години. Таа потенцира дека случајот е во државните институции, но дека јавноста во градот треба да знае што се случува. 

„Побарани се документи, знаете од кого, општината ги даде. Се знае кој го сруши, не може тоа да се скрие, сите знаеме што се случи“ - одговори градоначалникот Марко Колев.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »