речник контакт

Ќе се анализира колку и што има во депонијата со згура остаток од некогашна Топилница

Цел е да се најде конечно решение за нејзина експлоатација

Петар Печков

Добивањето на концесија на депонијата со згура во ренот Баш колиби,   на скопски,, Еко центар 97,,   беше примена со  интерес и задоволство во јавноста во Велес. И од граѓаните и од невладините, бидејќи тоа носи можност за решавање на децениската  загаденост   на градот а истата е една од десетте жешки еко точки во Македонија.

Депонијата е резултат на три децениската работа на Топилницата близу Велес.   Од друштвото Екоцентар 97,  чија примарна работа е откупот, собирање и преработката на отпад   ги најавија првите потези кои ќе следат во нивната работа. 

Во првата фаза ќе  извршиме анализа на депонијата. Добивме дозвола за истражување. Имавме податоци кои зборуват за присуство на  одредено количество на  метали во депонијата. Тие се вршени одамна, од други стручњаци, за други цели. Сакаме лично да се увериме, што се  има оваа  депонија, колку таа може економски да се експлоатира - изјави директорот  Владо Момировски.    

Во зависност од тоа што ќе го покажат анализите, тој  најави како  ќе продолжат  со  следната фаза. Додава дека  освен што троската треба да се отстрани од локацијата ,таа треба да има и економска исплатливост за експлоатација. Резултатите кои  беа  претставени во два наврати пред велешани од две различни институции пред 10-тина години,  работени независно еден од друг, покажуваа дека ридот со згура е тежок 1,7 милион тони и има 8 отсто цинк, еден отсто олово и кадмиум, што  според нивните пресметки покажувало дека   е исплатлива економска експлоатација.  Токму затоа  корисникот, во наредниот период ги најави првите активности на депонијата со згура.

Започнуваат активностите околу вадење на одредени количини од депонијата, со релативно мали активности на некои градежни машини.Тие се неопходни за добивање на конечна анализа на материјалот кои се содржи во троската, за изработка на проект за експлоатација на минералната суровина (троска),за изработка на еколошки елаборат и за конечни решенија за дислокација на троската - објавија од локалната  власт  на нивната веб страница.

Екоцнетар 97  за 1,3 милиони денари ја доби на десег годишна  концесија за корстење депонијата со згура, на јавен повик, на кој беа единствени учесници.  Од таму најавуваат дека наскоро  на трибина ќе ги објават сите нивни наредни чекори. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »