речник контакт

Ќе се испитува има ли присуство на жива кај велешани

Невладината организација ,,Еко свест,, од Скопје ќе истражува има ли жива кај велешани и рибите од велешкото езеро Младост. Земени се примероци на коса од петнаесетина полнолетни велешани, на различна возраст и пол. Тие ќе бидат испратени во референта лабораторија во САД, заедно со риба уловена во водите на езерото Младост.

Петар Печков

Во почвата во Велес најдено е дека има големи количини на жива по што сакавме да видиме дали нејзино присуство ќе се најде и во организмот на луѓето кои што тука живеат, како и на рибата која ја консумираат од велешкото езеро- вели Драгана Угуровска од ,,Еко свест,, . Живата е многу штетен метал, таа е невро- токсичен. Делува првенствено на нервниот систем така што доколку станува збор на изложување на големи количини, можни се сериозни последици по здравјето на луѓето, предупредуваат докторите. Досега се докажа дека во крвта на велешани има зголемени вредности на олово, за прв пат ќе се испитува дали во неа има жива. Истражувањето е дел од европски проект. Присуство на жива ќе се бара и кај жители на одредени градови во Србија, Бугарија и Албанија. Ова испитување доаѓа, откако неодамна проф. Трајче Стафилов ги објави последните истражувања за загаденоста на велешката почва, и кога за прв пат се констатира дека живата е присутна во неа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »