речник контакт

Ќе се менуваат имињата на улиците во Велес

Со предлогот на нови имиња ќе бидат впишани имињата...

Петар Печков

Со предлогот на нови имиња ќе бидат впишани имињата на Борис Трајковски, Александар Македонски, Блаже Конески, Архиепикопите Гаврил и Михаил, Браќата Манаки, Миле Поп Јорданов, Димитар Парпадишки,Ѓорги Зографски, Војдан Чернодрински,Ѓорги Шоптрајанов, Јордан Леов, Мис Стон, 8-ми Септември, Прохор Пчински, Наум Охридски, Тодор Николовски, а ќе бидат избришани 29-ти Ноември, Козара, Сутјеска,Игманска, Иво Лола Рибар, Неретва, Сараевска, Марксова, Енгелсова, Ленинова, Белградска, Скопска, остануваат Самоборска, Моша пијаде, Прва Комуна, Првомајска, или градот ќе добие нови 120 имиња, половина од постојните ќе бидата заменети. За Страхил Гигов , народниот херој нема место во историјата на  родниот град. Откако беше предложен од страна на СДСМ, членовите на одоборот од ВМРО-ДПМНЕ го избришаа.  

- Како историчар го предложив народниот херој Страхил Гигов и некоја од улиците во градот по него да го носи името. Предлогот беше надгласан во одборот така што во Велес  нема да има улица со неговото име – вели Весна Богоевска Стојанова од СДСМ. Опозицијата бара време за да се истражи делото на Страхил Гигов,  по што тој во некоја наредна прилика би добил шанса да биде запишан во градската историја. Советниците од локалната власт се разијдоа и  не го ставија на списокот на значајни личности кои треба да ги носат имињата на улиците.Тие пред една година ја составија листата, која согласно законските обрвски беше на разгледување до Владата. Таа неодамна ја потврди и ја врати до општина Велес, по што започна и процедурата за преименување на улиците и плоштадите во градот.

- Повеќето од членовите на комисијата бевме воздржани по предлогот една од улиците во Велес да го носи името на Страхил Гигов. Се додека историчарите не ја одредат точно неговата важност и не се отстраната дилемите не можеме да именуваме градско обележје по него – изјави Славчо Чадиев, координатор на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во општина Велес.        

Градоначалникот на Велес се оградува од постапката објаснувајќи дека тоа е одлука на Советот каде тој нема ингеренции. На прашањето кога ќе го прифати барањето на Сојузот на борците, во паркот на хероите во Велес да се подигне биста на Стахил Гигов, заедно  со неговите соборци херои, Благој Старачковски и Димче Мирчев, Коцевски кратко изјави „ќе биде“. Во петгодишниот план за подигнување на споменици усвоен од Советот на општината не фигурира името на Страхил Гигов. Неговото име велешани го поврзуваат со необјаснетата смрт на поетот Кочо Рацин како и со локацијата и изградбата на Топилницата среде Велес. Салата „25 мај“  ќе остане со истото име.

Велешките советници од листата на имиња го заборавија првиот македонски војник, Панче Јамандиев нивниот сограѓанин,  кој на  14 април 1992- та година прв се јави да го служи воениот рок во АРМ во Охрид. Повеќето од нив и не го знаеја овој историски податок.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »