речник контакт

Ќе се обновува физикалното одделение од Болницата

Се најавува нова инвестиција а таа што требаше одамна да биде готова не е завршена, мртовечницата

Петар Печков

Целосно ќе се реконструира објектот на физикалното одделение во кругот на велешката болница. Планирано е да се постават нови прозорци, врати, подови, плафони, водовод, електрика, осветлување и санитарии.Физикалното одделение ќе добие и нова здравствена опрема.
Ова го најави заменикот-министерот за здравство Јовица Андовски по  посетата на велешката болница.

Објектот на оваа одделение е стар околу 60 години и досега воопшто не бил реновиран, затоа била донесена одлука да се реновира согласно сите современи стандарди, во интерес на унапредување на условите во кои работи персоналот на ова одделение, а и условите за лекување на пациентите.

Рокот за изведба е три месеци од почнувањето на градбата, а во тек е процедура за постапка за избор на најповолен понудувач. Реконструкцијата ќе чини околу 140 илјади евра.

Физикалното одделението е последно што се реконструира во болничкиот комплекс. Тоа работи со двајца специјалисти и 12 физиотерапевти, а дава услуги на околу 200илјади пациентите од Вардарскиот регион И Овче Поле. Функционира со лежечки и пациенти кои добиваат амбулантска терапија.

 И додека се најаува старт на реконструкцијата на физикалното оддление, не е готова мртовечницата. Од страна на надлежните на 22 март беше најавено дека за две месеци таа ќе биде готова. Минаа пет а овој објект не е во функција иако градежните работи одамна се завршени, но внатре  се уште не е опремен. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »