речник контакт

Ќе успеете во решавањето на сообраќајниот метеж, ако граѓаните сакаат промена

Гостите градоначалници од областа Валенсија во Шпанија, каде се имплементирал ваков проект за урбана мобилност, сметаат дека Велес може да се промени на подобро ако граѓаните сакаат промена на начинот на живот

Петар Печков

Во посета на Општина Велес беа двајца градоначалници од Шпанија од областа на Валенсија. Причината е  проектот кој Велес го доби од ЕУ за урбаната мобилност, како и праксата околу неговата реализација, бидејќи токму таков проект имале и во овие два града.

„Разменивме искуства за урбаната мобилност, се што спремаме ние и за нивните искуства. Таков проект бил позитивно прифатен кај нив. Кажав дека имаме сериозен проблем со сообраќајот во централното градско подрачје и претставив што имаме на хартија.  Ние сме прва општина во Македонија, која со ваков проект ќе го решава сообраќајот и затоа нивното искуство е добредојдено“ - кажа Марко Колев градоначалник на Велес.  

Гостите од Шпанија ја пофалија локалната власт што се одлучила на ваков проект, кој е во интерес на граѓаните.

„Се може да се направи, со помош на финансии да се подобри инфраструктурата. Најважно е да се подигне свеста кај граѓаните, тоа е клучно. Граѓаните треба да знаат што значи ако еден ваков проект се имплементира во сообраќајот. Ако тие е противат, тогаш успех нема да има. Ако свеста им е доволна висока,  ако немаат проблем да има промена на начин на живот,  на инфраструктура, секако е дека е можно проектот да успее“ кажа  Винсент Зарагоза Алберола, градоначалник на градскиот совет на Сиља.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »