речник контакт

Ќоспето од Маслодајна нема кој да го купи, оти се намали сточниот фонд во земјава

Нус производот од преработка на сончогледот нема пласман во земјава

Петар Печков

Зголемениот откуп на сончоглед и неговата преработка, создадоа проблем во работата на велешка Маслодајна. Тие не можат да најдат пласман за ќоспето -нус производ од преработката на сончогледот.  За него нема купувачи во земјава.

„Нема заинтересирани кои сакат да го купат ќоспето. Тоа е сточна храна, но за жал во Македонија е многу намален сточниот фонд и сточарите кои претходните години го откупуваа, не сакат да го купуваат како храна, оти немаат стока. Така беше и лани, еве така е и годинава. Лани го продадовме за далеку пониска цена во Грција, годинава се  е отворено и неизвесно. Пласман засега нема“ - вели Горан Лазов, директор на велешка Маслодајна, единствен преработувач на сончогледот во масло за јадење, во земјава.    

Годинава се очекува откуп на 10-11 илјади тони сончоглед, највисок род последните десетина години. Лани за споредба беа откупени 4 илјади тони. Досега Маслодајна откупила 8.500 тони. 

Ќоспето се добива од лушпата на сончогледот при негова индустриска преработка во маслодајната индустрија, богато е со белковини и служи за храна на стоката.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »