речник контакт

Ќумбев спортски амбасадор

Велес си доби свој спортски амбасадор, годинава тоа е фудбалерот Панче Ќумбев ( 30 год) член на Легија Варшава.

Петар Печков

Велес си доби свој спортски амбасадор, годинава тоа е фудбалерот Панче Ќумбев  ( 30 год) член на Легија Варшава. Тој петипол години игра во Полска, претходно четири години изграше во дресот на прволигашот Гроцлин. За своите настапи во странство и афимрацијата на родниот град, го доби признанието спортски амбасадор на Велес. Тој игра на позицијата штопер а првите чекори во фудбалот ги напрaви во велешки Борец.

- Ова признание ми годи и прави чест, задовлоство, бидејќи тоа е од мојот роден град, израснав и ги почнав првите спортски чекори. Таа ќе зазема посебно место во мојот дом - изјави Ќумбев, кој најави дека кога ќе ја заврши кариерата ќе се врати дома ќе работи во фудбалот, да го врати на некогашните позиции кога тој си замина. Минатата година кога за прв пат беше востановено ова признание, него го доби ракометарот Влатко Темелков.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »