речник контакт

Џез концерт на Иван Иванов квартет од Велес

Составот е од четири члена, кои свират музика која е компонирана за нив

Петар Печков

Во салата Бели Мугри во Велес се случи концерт на џез музика, вистинска реткост во градот. Настапи   Иван  Иванов квартет од Велес, во состав  Иван Иванов- тенор Саксофон, Васил Хаџиманов- клавир, Кирил Туфекчиевски- контрабас Предраг Милутиновиќ- тапани.  Ова е нов проект за развој на овој жанр музика во Македонија, подржан од Министерство за Култура

Со Кирил веќе работиме долго време заедно и заедничка беше идејата за овој проект,   со Васил и Пеџа ни е прв пат.  Со Васил имавме заедно свирено  на  почетокот на оваа година, и уште тогаш договоривме имаме уште некоја свирка. Пеџа  Милутиновиќ тапанарот, е веќе член на Васил Хаџиманов Бенд, така најдобра опција е тие двајцата да свират заедно. Музиката  е напишана специјално за овој состав и наликува на денешната џез сцена, како што насекаде во светот младите џез музичари творат. Поточно  најмногу влече кон Њујоршката џез сцена. Пред се ова лично за мене, е добра забава за нас за  музичарите. Секако нема да заработиме илјадници евра и да продадеме десет илјади влезници, џезот не е популарна музика и во денешно време тешко се продава – вели Иван Иванов  велешанец и творецот на овој проект. 

  Тој со музика започнал во основното музичко школо во Велес, па средна во Штип, и продолжил натаму со музичко образование во Австрија на Џез Академија. Магистрирал џез студии во Австрија и во Париз. Во текот на студирањето има учествувано во многу проекти, како џез така и во други жанрови на музика поп, класика, свирел со многу оркестри, мјузикли и во  Биг Бендови.

Иванов моментално работи на Музичката Академија во Скопје како доцент на отсекот популарни жанрови и е  член на ново отворениот Биг Бенд на МТВ. Очекува дека во овој состав ќе имаат уште некоја свирка, на сцените низ Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »