речник контакт

Џунгла на асфалтот

Ако дворот е огледало на домаќинот, тогаш во градов имаме ,,грди,, слики

Петар Печков

Повеќе јавни површини во градов се обраснати во трева, дрвја кои не се плански и претставуваат вистинска  слика од џунгла на асфалт. За илустрација дворот нa Агенцијата за вработување,  дворот на  факултетите, некогашниот хотел Вила Зора, со кој сега стопанисува ТТФ при Универзитетот во Битола.

Сликите најдобро илустрираат како сето тоа изгледа, и тоа на десетина метри од Автобуската станица, каде доаѓаат и минуваат бројни патници. И сето тоа е грда слика на градот, пред се поради непримерните домаќини.

Можеби по оваа фото репортажа ќе им текне да ги средат обраснатите дворни места. И ЈКП Дервен заглави со уредувањето на паркот кај факултетите, година и половина ништо не е средено.

АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »