речник контакт

А1 без многу детали што се случи во понеделникот вечерта кога неговите корисници oд велешко остана без услугите на компанијата

Kориснициte од велешко, не можеа да избираат телефонски броеви за итни случаи, понеделникот од 20,30 до 22 часот

Петар Печков

Понеделникот вечерта во периодот од 20,30 до 22ч. корисниците на А1 мрежата останаа без услуги. Во прекин беа мобилната телефонија, интернет, телевизијата и фиксната.

На поставеното прашање од ТрМр, до А1,за причините и можноста да се надмине проблемот, кога за неколку илјади корисници од велешко, не можеа да избираат телефонски броеви за итни случаи, од А1 со општ одговор без многу детали за вака сериозен дефект и состојба.   

„Би сакале да Ве известиме дека на 17.07.2023 година дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Велес. Имаше времен прекин на услугите за интернет и мобилна телефонија. По интервенирање на професионалните екипи, проблемот беше успешно отстранет и услугите беа вратени во функција“ - соопштија од компанијата.

Се извинија на корисниците, кои не помнат вака долго исклучување,  компанијата изрази благодарност на разбирањето.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »