речник контакт

АМАТЕРСКИ „ПЛАСТИЧНИ ОПЕРАЦИИ“

[b]Ризикуваат живот за поголема машкост[/b] Млади мажи од Велес, Битола и Скопје вбризгувале течен парафин во половиот орган, а потоа морале да бараат итна медицинска интервенција

Зоран Николов

Млади мажи од Велес, Битола и Скопје вбризгувале течен парафин во половиот орган, а потоа морале да бараат итна медицинска интервенција Млади мажи во неколку градови во Македонија со намера да ја зголемат својата машкост ризикувале да останат со трајни последици за здравјето. Засега такви случаи се регистрирани во Велес, Битола и во Скопје. Тие за да ја зголемат димензијата на својот полов орган, вбризгувале течен парафин. Ваквата аматерска „пластична операција“ ја вршеле сами, со шприц во кој го ставале течниот парафин, а потоа со игла го шприцале во пенисот. По ваквата интервенција ги добивале посакуваните ефекти, но парафинот подоцна предизвикувал инфекции, па биле принудени да побараат лекарска помош. Несвесни за последиците што следат, десетина млади велешани се гордееле со машкоста, а по извесно време биле принудени да одат на лекар, под нож, за да се спасат. - Мислев дека ќе бидам интересен за девојките и без многу размислување внесов парафин. Ми кажуваа дека во Америка тоа била секојдневна работа, особено порно-глумците ја практикувале. Згора на тоа не била штетна по здравјето, а имала голем ефект - вели Н.Н. дваесет и шестгодишен велешанец. Тој признава дека не знаел за последиците од овој ризичен чин. Друг соговорник, кој го сторил истото, вели дека во прво време било идеално, девојките се лепеле за нив, биле на „глас во градот“. - Се беше супер додека ѓаволот не дојде по своето. Почнаа болки и проблеми- изјави велешанецот на возраст од 23 години. Барајќи рогови ги изгубија и ушите, вака постарите ја коментираат оваа појава кај младата популација. Тие не можат да ги разберат мотивите да се зголеми половиот орган по штета на сопственото здравје. Проблемите станувале се поголеми и наместо задоволство, сега се јавувала болка, поради што тие морале да побараат помош од лекар. Специјалистот-уролог д-р Горан Јовиќ интервенирал во четири случаи, иако претходно немал доволно искуство за ваков проблем. - Парафинот е туѓо тело и таму каде што е вметнат организмот почнува да се брани од него правејќи на местото на инсталацијата сврзно ткиво, фиброза. Тогаш почнуваат комликациите, бидејќи доаѓа до стеснување на органот, поради што имаат тешкотии при мокрењето и отежната и болна пенетрација при односот - изјави урологот д-р Јовиќ. Тој вели дека во Европа за оваа појава не се знаело и била присутна најмногу во САД. Во Македонија ваковиот проблем е непозната појава поради што за него бил голем предизвик да им помогне на овие пациенти. Доколку не се интервенира, лесно може да дојде до трајни последици. Апелира до машката популација да не наседнуваат на најавите дека така ќе го решат проблемот со машкоста, бидејќи проблемите што потоа доаѓаат не е едноставно да се решат. Со оглед на периодот од една година, откако почнуваат проблемите по вбризгувањето на парафинот, тој очекува дека наскоро на лекарската врата ќе чукнат и други пациенти. И во Битола неколкумина „амбициозни“ момци се обиделе да ја зголемат димензијата на својот полов орган преку вбризгување течен парафин. По ваквата интервенција ги добивале посакуваните ефекти, но парафинот подоцна предизвикувал инфекции, па биле принудени да побараат лекарска помош. Во минатиот месец биле регистрирани три вакви случаи. На битолскиот Баир, каде што претежно живее ромско население, на големо се зборува за „новото откритие“. Ромите признаваат дека повеќемина од нив го испробале новиот рецепт. - Течниот парафин го набавивме од Грција. Едно шише од килограм го плативме 150 денари. Од него пак имаше да се послужи цел Баир - вели М.С. Според него, од течноста пенисот пораснувал од еден до повеќе сантиметри, во зависност од количеството кое е вбризгано. Извор: [url=www.dnevnik.com.mk/?ItemID=295EF798CD153F4298AE921354FC7BCB]Дневник[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »