речник контакт

Авантурата „Чест меѓу крадците„ и Супер Марио“ нови филмови на „3Д киноверзум“ неделава

Ова седмица на репертоарот на „3Д киноверзум“ во Велес се шест филмови, од нив два се анимирани -детски

Петар Печков

Ова седмица на репертоарот на „3Д киноверзум“ во Велес се шест филмови, од кои два се нови. 

Од денес и сите шест наредни дена,  премиерно се прикажува филмот „DUNGEONS&DRAGONS: ЧЕСТ МЕЃУ КРАДЦИТЕ“.Шармантен крадец и група од неверојатни авантуристи изведуваат епски грабеж за да ја вратат изгубената реликвија, но работите тргнуваат опасно наопаку кога ќе се судрат со погрешни луѓе. Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves го носи богатиот свет и разиграниот дух на легендарната игра, во урнебесна и исполнета со акција авантура.

Премиера има и „Супер Марио“ . Филм ја следи приказната за Супер Марио и Луиџи и нивното патување низ Кралството на Печурките. Филмот премиерата ќе ја има в среда 5 април, истовремено како и во цел свет.

Четвртото продолжение на филмот за  Џон Вик на програмата е петок, недела, понеделник и вторник.

Српскиот хит филм „Индиго  кристал“, продукција „Јужен ветер“е на репертоар  четврток и сабота. Приказната за филмот  е  во 4 дена и го следи  главиот јунак Вук, кој е излезен од  затвор. Тој е прогонуван од самоубиството на  најдобриот другар, се обидува да го спаси неговиот помал брат на годишнината од самоубиството. Поучен од искуството, Вук го почнува своето повторно враќање во друштвото обидувајќи се да дознае зошто е пуштен од затвор 2 години порано..

Сабота и недела од 16 ч. се два детски филма. „Приказната од скриениот град- бестрашната Дејзи“ в сабота и в недела„ „Догтањан и тројцата мускетари“ шпански цртан филм.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »