речник контакт

Автоматски се хлорира во фабриката за вода

Новата апаратура е вредна 60 илјади евра, обезбедени од сопствен Буџет на ЈКП Дервен

Петар Печков

Наместо рачно, хлорирањето на водата во Фабриката за вода, започна автоматски. Ова е новина која неодамна ја изведоа стручни лица од ЈКП Дервен.

Tие набавија нова софистицирана опрема за автоматско хлорирање на водата.  Таа чини 60 илјади евра и на овој начин  ЈКП Дервен ги следи најновите стандарди за безбедност во снабдувањето со вода.

Оваа хлоринаторна станица е од најнов вид.  Таа е најмодерна и најсовремена и во следните 30 години ќе биде во функција. Досегашното хлорирање, беше  застарен начин,рачно, бидејќи фабриката е изградена во 90-тите години. Новата опрема е купена од сопствени средства - рече Фиданчо Цековски директор на ЈКП Дервен.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »