речник контакт

Автомобил Hyundai Tucson од инстант лозот 7х7 ќе се вози низ Скопје

Среќниот добитник на кој доби клучевите од прекрасниот автомобил е Влатко Митрески од населба Кисела вода, Скопје

Петар Печков

Влатко Митревски е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија, најчесто купува по три инстант лоза. Така и овој пат, купил три инстант лоза 7 х 7 од среќното продажно место во трговскиот центар Капитол мол.

Инстант лозовите решил да ги „изгребе“ дома, заедно со неговата мајка. Токму последниот лоз 7 х 7 криел три исти симболи Hyundai Tucson кои означуваат само едно: Влатко е сопственик на прекрасниот автомобил Hyundai Tucson.

Среќа, возбуда и преубави емоции го исполниле домот на Митрески, Влатко вели дека новиот автомобил е остварување на една од неговите новогодишни желби. За себе велат дека редовно ја предизвикуваат среќата со игрите на среќа на Државна лотарија, а на останатите кои посакуваат ваков автомобил, среќниот добитник ги посоветува да играат редовно, затоа што никој не знае каде е среќата.

Да потсетиме, како одговор на барањата на играчите, инстант лозот 7 х 7 стана член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 80 милиони денари, вклучувајќи 14 премии од кои 7 возила HYNDAI Tucson и 7 возила HYNDAI Bayon, како и парични добивки од 80 денари до 50.000 денари.

Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за среќа плус и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот 7 х 7, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.

ПР текст

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »