речник контакт

Автомобил излета од автопат кај Сопот, почина 15 месечно дете

Во автомобилот било семејство од Неготино

Петар Печков

Попладнево  на автопатот Скопје- Велес, близу наплата рампа Сопот се случила сообраќајна несреќа, во која жртва е  15 месечно дете. Во автомобилот кој од непознати причини излетал од автопатот,  било семејство од Неготино.

“На 25.05.2022 година околу 15,30 ч. на автопат Скопје -Велес од патот излетало автомобил „Рено Клио“ со неготински таблички, управувано од Д.В. (1984) од Неготино и сопатници В. В. (1993) и дете.  В.В. со ИМП е пренесена во Ургентен Центар, а возачот и детето со приватно возило се пренесени во Клинички центар - Велес, каде од страна на лекар констатирана е смрт на детето“ - соопштија од МВР . Увидот  за причините на сообраќајката е во тек

„Во велешка Болница донесено е машко лице, кај кого се констатирани повреди на ребрата и е префрлен на клиника во Скопје. Поведената жена е директно однесена таму. Во Болницата е донесено и дете на 15 месечна возраст. Него лекарите се обидувале да го реанирмираат, за жал без резултат, тоа починало“ - информираа од Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »