речник контакт

Автомобил излетал, сопатникот тешко повреден

Незгодата се случила кај Венуле, стариот пат Велес - Градско

Петар Печков

Четвртокот  попладне автомобил излетал од пат, велешанец тешко повреден. Според МВР незгодата се случила во 15 ч.  на регионалниот пат Велес-Градско, кај месноста викана    „Венуле“.

С.С. (45) од Велес, управувајќи ПМВ „Форд Фокус“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата, сопатникот Т.Т. (34) од Велес се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Општа Болница-Велес, е префрлен во УЦ-Скопје.  Одговор за причините треба да даде истрагата која ја води СВР-Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »