речник контакт

Автомобил излетал кај Штипско џаде, возачот завршил на Трауматологија во Скопје

Сообраќајката се случила четвртокот наутро во 6,40 ч.

Петар Печков

Четвртокот наутро автомобил, управуван од млад велешанец излетал од патот кај месноста Штипско џаде. Од  карактерот на здобиените повреди тој е префрлен на Трауматологија во Скопје.  

„На 11 јануари  во 06.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес– село Каратманово кај место викано „Штипска клучка“ патничко моторно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(27 год) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„Во 7,10ч. на хирургија е примен пациент повреден во сообраќајна несреќа. По извршените снимања на рендген одделението а поради специфични повреди, скршеници на колено и потколеница е пренесен на Клиника за Трауматологија во Скопје“ - кажа Марина Андова, портпарол ана Општа болница Велес.  

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес по што ќе бидат познати причините за излетувањето на автомобилот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »