речник контакт

Автомобил излетал од патот кон езеро, две девојки пренесени на клиника во Cкопје

Двете девојки на 32 и 26 години препратени на ТОАРИЛУЦ за понатамошен третман и доиследување

Петар Печков

Ноќеска пред полноќ, автомобил на пат кон езеро Младсот, излетал а две девојки се здобиле со тешки повреди и поради специфичноста на повредите пренесени на клиниките во Скопје.

„На 20-ти август  околу 23.15 часот на регионалниот пат од Велес кон езерото „Младост“, патничко возило „Форд ка“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.А.(32) од Велес, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.А. и сопатничката В.И.(26) од Велес“ – соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес. На местото на настанот биле две екипи со две возила на итната медицинска помош од Велес.

„Повредени се две женски лица, свесни во моментот кога екипите биле да им пружат помош. Еднате девојка има повреди на двата долни екстермитети и на еден горен а втората на десен и лев долен екстремитет. Дадена е неопходна помош и префрлени на хируршкото одделенеи за натамошно иследување„ – кажа д-р Василка Пановаска, началник на ИМП.

„Во текот на вчерашната ноќ, од страна на ИМП донесени се две лица на 32 и 26 годишна возраст  повредени во сообраќајна несреќа, истите се здобиле со потешки телесни повреди поради што се препратени на ТОАРИЛУЦ  за понатамошен третман и доиследување“ – рече д-р Елеонора Јованов, портпарол на велешка Болница.

фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »