речник контакт

Автомобил на годината во светот Мазда МХ -5 (фото)

Најдобрите прогласени на саемот во Њујорк. Кој ги доби наградите за најлуксузен, спортски, еколошки и најдобро дизајниран

Петар Печков

На традиционалниот годишен избор на најдобар светски автомобил, чиешто финале беше одржано на Саемот за автомобили во Њујорк, победата ја понесе Mazda MX-5. Овој автомобил освои и уште едно признание за најдобро дизајниран модел.

За титулата Светски автомобил на 2016-та година (World Car of the Year 2016) покрај Mazda MX-5, конкурираа и уште двајца финалисти – Audi А4/А4 Avant и Mercedes GLC. Освен вкупен победник, избрани се и најдобри модели во категоријата на луксузен, спортски, еколошки и најдобро дизајниран модел.

Титлата најдобар луксузен автомобил ја понесе новата BMW Серија 7, којашто победи пред Audi Q7 и Volvo XC90.

Признанието за најдобар помеѓу спортските модели му припадна на Audi R8, којшто триумфираше во конкуренција на моделите Honda Civic Type R и моделот на Mercedes, AMG C63 Coupe.

Toyota Mirai со погон на водородни горивни ќелии, којашто наместо штетни издувни гасови во атмосферата емитува само чиста водена пареа, е прогласена за светски автомобил на годината со најдобри еколошки карактеристики. Покрај неа, финалисти во оваа категорија беа електромобилот со продолжен радиус на движење – Chevrolet Volt, и уште еден модел на Toyota – Prius, хибрид од четвртата генерација.

На крајот, за најдобро дизајниран автомобил за 2016-та година беше прогласен моделот Mazda MX-5, којашто ја понесе победата пред уште една Mazda, SUV моделот CX-3 и Jaguar XE.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »