речник контакт

Автомобил полн со мигранти удрил во друго возило на наплатна рапа Сопот, возачот побегнал

Полицијата го бара возачот на „аудито“ со гевгелиски регистарски таблчички

Петар Печков

Неделата претпладне, на наплатна рампа Сопот, бркотница, откако возило кое превезувало мигранти, удрило во друго па возачот побегнал а мигрантите биле пронајдени кај село Сопот.

На 10.03.2024 во 10.26 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Гевгелија, на наплатна станица „Сопот“, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки удрило во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(35 год) од Скопје, по што го напуштило местото. По преземени мерки, полициски службеници во близина на село Сопот го пронашле возилото и во него затекнале пет лица мигранти од Народна Република Кина“ - соопштија од МВР.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот, пронаоѓање на возачот, по што ќе следува соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »