речник контакт

Автомобил со романски регистарски таблички се запалил на враќање од одмор од Грција

Среќан околност е што семејството минало без повреди, но останало без автомобил

Петар Печков

Се запалил автомобил во движење, со романски регистарски таблички. Семејството, кое се враќало од одмор од Грција,  минало без повреди., но останало без возило.

„На 29 август  во 01.56 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, правец Градско- Велес, настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со романски национални ознаки, во движење, управувано од А.С.А.(52 год) од Романија“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема.

„На 29.08.2023 во 02:00 примена е дојава за настанат  пожар на автопатот Градско -Велес во близина на село Караслари во пожарот гореше  патничко моторно возило со странски регистарски ознаки. ТППЕ Велес излезе на лице место со 1 противпожарно  возило и 4 пожарникари спасители со брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири  во сувата трева што е околу автопатот“ - информираа од ТППЕ Велес.

Увид на местото на инцидентот извршила екипа од СВР Велес.

Пред две седмици на Пуста кула, на автопат Велес - Скопје, автомобил со романски регистрски таблички прегази лцие, пензионер кое го минувало коловозот, за да изврши физиолошка потреба а со колегите патувал на протест во Скопје. По два дена престој во Велес и завршената истрага, романскиот државјанин беше ослободен од сомнение за сторено кривично дело и со семејството замина дома. 

 фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »