речник контакт

Автомобил удри во патнички воз кај Кадрифаково, возачот неповреден

Минејќи на обележан железнички премин, возачот не го видел патничкиот воз од Кочани за Скопје и удрил во него

Петар Печков

Автомобил удрил во воз, утрово во близина на село  Кадрифаково.   Среќна околност е што возачот, кој бил сам во автомобилот минал неповреден а колата има сериозни оштетувања.   Сообраќајката се случила  во 6,10 ч. на обележан железнички премин, на пругата Велес- Кочани.

Утрово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале  патничко возило марка ,,ситроен,, со светиниколски регистарски таблички, и  патнички воз кој сообраќал на релацијата Штип – Велес.   Возачот минал без повреди, тој возел по локалниот  пат од село Ерџелија кон село Кадрифаково – изјавија од СВР Штип. 

Поради увид на местото на  сообраќајката железничкиот сообраќај на релацијата од Штип кон Велес беше во прекин два часа.  Од МЖ велат дека преминот е обележан со вертикална сигнализација со сообраќаен знак  и прашање е зошто истата не ја почитувал возачот. На ова прашање одговор ќе даде истрагата.

Селаните од Кадрифаково велат дека  возачот бил локален жител, кој секојдневно минувал тука и не нејасно, зошто и покрај тоа што знаел дека во  тој термин минува  патничкиот воз доаѓа, решил да ја мине пругата. 

Секоја година на истиот овој железнички премин се случува сообраќајка.  Лани на 2-ри септември,  автомобил голф минел преку пругата и удрил во патничкиот воз, при што возачот се здобил со тешки повреди. В

о 2015-та на 4-ти август двајца мештани  од  село Ерџелија кога одлее на нива, беа тешко повредени кога со нивниот автомобил удрија утрото во воз.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »