речник контакт

Автомобил удрил во наплатна рампа кај Отовица, петмина повредени

Сите повредени минале со лесни повреди

Петар Печков

Вчера претпладне автомобил удрил во рампа на наплатна станица Отовица, па во друго возило кое било таму. Петмина се  повредени, три девојки и две машки лица. Сите се здобиле со лесни повреди

„На 11 септември  во 10.51 часот на делница од автопатот А1 Велес -Скопје кај наплатна станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(23) од село Стајковци, скопско удрило во рампа од наплатната станица и во патничко моторно возило „Шкода Карок“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Ш.(40) од Битола по што излетало надвор од коловозот“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Интервенирала екипа на Итната помош со две возила, на петтемина патници  на А.М., нејзините сопатници Д.Ѓ.(22), М.П.(19), Р.С.(34) и  Ј.Б.(19) сите од Скопје  им била укажана прва помош и биле транспортирани во Велешка волница.

Од таму соопштија дека кај сите пет лица, се констатирани лесни  телесни повреди и сите се пуштени дома.

За настанот бил  запознаен Јавен Обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »