речник контакт

Автомобил управуван од велешанец, излетал од автопат, еден со тешки повреди тројца со телесни

Сообраќајката се случила близу надвозникот кај село Р`жаничино

Петар Печков

Автомобил управуван од велешанец во  средата попладне, излетал од автопат. Еден од патниците се здобил со тешки телесни повреди три лица со лесни повреди. Повеќе во инфорамцијата на МВР.

„На 9-ти  јуни   во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на надвозникот во село Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „цитроен ксара пикасо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Велес, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - соопштија од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, по што ќе се знаат причините за излетувањето.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »