речник контакт

Автомобилите на пешачката патека на езеро Младост, посетителите по коловозот

Градоначалникот Коцевски апелира до несовесните возачи да ги почитуваат сообраќајните прописи

Петар Печков

Навиката која ја имаа дел од велешките возачи, да паркираат по тротоарите во градот, ја продолжија и на езеро Младост. Таму во тек е реализација на проектот „Паметно езеро Младост„ со кој се предвидени повеќе содржини, па така  посетителите ќе можат да уживаат и ги користат туристичките можности на локалитетот.

Но деновиве, таму може да се види дека по пешачката патека, која е во должина од повеќе од 700 метри,  делови од неа се користат како паркинг за автомобили. За ова реагираше и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, кој на неговиот ФБ профил апелираше за ваквата града слика и навика.

Секој ден, неодговорни возачи своите автомобили и мотори ги паркираат на новоизградената асфалтна пешачка патека покрај Езеро Младост. Со тоа ја загрозуваат безбедноста на пешаците, кои за да поминат мора да одат по коловозот. А, ја оштетуваат и патеката затоа што таа не е проектирана и изведена за да го издржи тешкиот товар од возилата Апелирам возачите да ги почитуваат прописите, а полицијата да презема соодветни мерки - порача Коцевски.

Со проектот предвиден е и паркинг простор на влезот од езерото за 23 возила. Проектот „Паметно езеро Младост“ се реализира со грант од Светска банка во висина од  еден милион евра.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »