речник контакт

Автомобилите полни со нелегално пресечени дрва, сторителите побегнале

Поголема група на дрвокрадци од прилепско кај Степанци сечеле дабови дрва за огрев

Петар Печков

Во нова акција на шумската полиција од Велес заедно со СВР Велес , спречен е нов обид за нелегална сеча во околината на село Степанци, на планината Мукос.  Поголема група на  дрвокрадци сечеле дабови дрва за огрев. При тоа биле пронајдени  шест автомобили полни со дрва за продажба.    

На стариот пат Велес - Прилеп, кај месноста Дервен во текот на вчерашниот ден, вторник околу 10 часот беше откриена група на дрвокрадци, која потекнува од Прилеп. Тие исекле 10 м3 дабово дрво, и кога дознале за доаѓањето на патролата, уништила три автомобили, им ги извадиле акумулаторите, ги исекле гумите и побегнаа. Во Велес донесовме три автомобили полни со дрва - изјавија од Шумската полиција подрачна единица Велес. 

Овој дел  често е мета на дрвокрадци поради далечината од Велес и шумскиот пат кој го користат за сеча. Вообичаено како превозно средство се користат стари нерегистрирани  возила ,,лада нива,,.

Ова е втора откриена дива дрвосеча во велешко за  неколку дена. Претходно во петокот вечерта на истата локација беше уапсено едно лице како врши нелегална сеча на дрва.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »