речник контакт

Автомобилска бркотница, со револверски истрели

Полицијата бркала две лица од Бузалково, едното го фатила другото кое треба да лежи затвор избегало

Петар Печков

Во понеделникот напладне бркотница на патот Велес – Раштани во која имало и пукање.  Полицијата бркала  две лица кои бегале откако таа се обидела да ги  сопре, по што полицаец пукал во воздухот како  предупредување. Настанот го потврдуваат од велешката полиција.

Според нив   27 октомври, понеделник,   околу 12,40 часот на регионалниот пат Велес – Раштани, Н.А.(40) од село Бузалково, управувајќи автомобил „ Лада Самара“ со велешки регистарски ознаки, на  знак да запре со движењето, истиот не ја почитувал наредбата на полицискиот службеник и продолжил да вози.

Се  движел со голема брзина и попречувајќи го патот на полициските службеници, кои исто се дале во потера  по нив. Од СВР Велес велат во возилото  бил и  братот  Џ.А.(34) кој се бара за издржување казна затвор во траење од четири години.

Од страна на полициски службеник заради заплашување и запирање на возилото, испукани се пет предупредувачки истрели со пиштол во воздух, но Н.А. и покрај тоа не сопрел и продолжил со бегство кон  Бузалково. Кога стигнал таму  влегол во дворот од куќата на  брат  му,  го оставил автомобилот и  избегал. 

Подоцна е уапсен е Н.А. додека Џ.А е во бегство Увид на лице место извршила екипа на СВР -Велес. Тие најавуваат дека  преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »