речник контакт

Автопат М-5 Велес - Бугарска граница

На јавна трибина се образложи влијанието врз животната средина од новиот автопат кој ќе се гради во должина од безмалку 100км.

Петар Печков

Започна подготовката на техничката документација за изградбата на автопатот М-5 кој ќе ги спојува  Бугарска граница -Црна скала и Велес, со што ќе се приклучи кон автопатот М-75  Куманово – Гевгелија. Автопат ќе биде долг 98,451 км и ќе мине низ повеќе општини од Источна Македонија со Централна, Делчево, Виница, Чешиново – Облешево, Кочани, Штип, Свети Николе, Лозово и Велес. Со изградбата на овој  автопат, ќе се овозможи квалитетно поврзување со   соседна Бугарија, побрз и побезбеден транспорт, зацврстување на националната и  локална економија, подобрување на условите на живеење на локалното население и развој на туризмот.

Автопатот е поделен на три делници со должина од 98 км.  Има две ленти и една  запирна лента. Делницата Велес – Виница  е со просечна брзина до 120 км/ч додека делницата Виница  - Бугарска граница поради планинскиот дел со просечна брзина од 100 км/ч.  На автопатот  поради конфигурацијата на теренот ќе има и бројни мостови и вијадукти - вели   Горан Трајановски автор на проектот автопат М-5.

Најголем вијадукт  ќе биде 662 метри кај месноста Жужеља. Овој автопат  создава врска на источна Македонија и Овче Поле со централниот дел на Македонија. Со  неговата градба ќе биде  одземено околу 250 хектари земјоделско земјиште, најмногу во Овче Поле околу 146, па во Малешевијата 102 и хектар два во делот после Виница.  Ќе бидат исечени 3050 хектари шума, најмногу од делот на Виница  до Делчево но затоа сразмерно ќе бидат наседени други стебла во однос 1:2 или 1:3. Најмалку две години ќе трае постапката за обезбедување на техничката документација, потоа следи заокружување на финансискиот дел. Со оглед на вредноста на овој проект, кој ќе се знае откако за завршат овие подготвителни работи, за верување е дека тој ќе биде граден со средства од  странски кредити, најавуваат од Агенцијата за патишта.

Се подготвува техничката документација, изработена е студијата за животна средина за делницата автопат  Велес- граница со Бугарија на ниво на идеен проект, следи основен проект и потоа заокружување на финансиската конструкција. Ова ќе одземе време, само за овој дел се потребни две години , се работи голема делница со многу придружни елементи по трасата, со надвозници, подвозници, мостови, вијадукти и за сето тоа да се проектира треба време – рече   Сашка Богданов од Агенцијата за патишта.

Во постапката потоа треба да се вклучи и експропријација на земјиштето каде овој автопат ќе се гради. Согласно Законот за животна средина задолжителна е постапката за оцена на влијание  и надлежното министерство со серија трибини  ја вклучи  и  јавноста во расправата за овој голем инфраструктурен проект.

Автопатот и во текот на градба и во текот на експлоатацијата се очекува влијание врз животната средина и медиумите, водата, воздухот, почвата, бучавата. Ќе се преземат мерки за нивно отстранување или намалување.  Каде ќе има локални патишта ќе има соодветни премостувања , за секој да стигне до посакуваната цел. Асфалтната база која ќе се постеле  нема да придонесува за бучава од триењето на гумите. Со доследна примена на хомологацијата кај автомобилите, нема да има значајно негативно влијание  од издувните гасови – вели Ленче Јанева експерт за животна средина.

Најблиску автопатот до населено место ќе мине кај селото Стар Караорман на 13 метри, па Чардаклија и Кадрифаково на 38 метри и потоа Кучичино, Јакимово и Делчево на 60-тина метри. За звучна изолација се предвидува поставување заштитни звучни бариери. При изградбата и експлоатацијата на автопатот не се очекуваат значајни влијанија врз флората и фауната, но се препорачува заради заштита на птиците минирањата да се вршат во зимскиот период. Според проценките на еко- експертите се проценува дека учесниците дневно ќе фрлаат смет во целата должина од без малку 100 км, во тежина од  16,4 тони смет и затоа е потребно поставување соодветни контејнери на отпад.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »