речник контакт

Адвокатите на лозарите лути, АД Повардарие бара начин да се оддолжи отворањето на стечај

Наспроти забраната за отуѓување на имот, вагони со вино се изнесуваат од Винаријата, реагираат лозарите

Петар Печков

Застапниците на доверителите реагираа дека АД Повардарие од Неготино прави се да се оддолжи постапката за отворање на стечај, во кој период и покрај забраната за отуѓување на имотот тој се крчмел. Во преполната судница на Основниот суд во Велес се одржа рочиште за    отворање  на стечај, но пред почетокот застапникот на должникот АД Повардарие, адвокат Васил Томановиќ  побара иземање на  стечајниот судија и претседателот на Основен суд Велес. 

Ова доаѓа откако на 2-ри јули Томановиќ побара Основен суд Велес да не биде надлежен за овој стечај, туку било кој друг. После три месеци Врховен суд ова барање го одби, по што на денешното рочиште следеа нови две барања за иземање. Тоа ги револтираше присутни во салата.   

Во меѓувреме се раскрчмува имотот на должникот и се оневозможува конечно стечајот да се отвори и времениот стечаен управник  да влезе и да ги земе работите под контрола а доверителите да се намират. Со ваквото донесување на должникот, кога имотот се продава, пари за неспорните доверители нема да има,  ако се продолжи со толерирање на ваквото постапување - изјави Љупчо Милошевски правник во Стопанска Банка АД Битола.

Тој побара побрза реакција на судовите,за да им овозможи    да си ги наплатат побарувањата.   Со идентичен став, дека АД Повардарие  од Неготино бара и наоѓа начини да го одолговлечи отворањето на стечај други првни застапници.

Овие барања се класична злоупотреба на одбраната на должникот   и уште еден обид да се пролонгира постапката  за стечај која е од итен карактер а се води пет месеци. Целта е јасна одолговлекување на постапката - рече Никола Стојков застапник на повеќе лозари, кои се доверители оти не им е испатено откупеното грозје, годините наназад.  Барањето за  отворање на стечај во АД Повардарие е поднесено од повеќе лозари кои заедно  побаруваат милиони суми и споено во еден предмет. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »