речник контакт

Административците во саботата собраа 80 м³ отпад (фото)

Во Велес се чистеше на четири локации

Петар Печков

Во саботата, во траење од три часа, од 9 до 12 ч., во Велес, се одржа  еко- акцијата „Администрацијата чисти“ , која на ниво на држава беше ,,Не биди ѓубре,,. Стотици административци од  Општина Велес, локалните институции, јавните претпријатија и подрачните единици на државните институции со помош на ЈКП „Дервен“ го собираа сметот оставен од несовесните граѓани на јавните површини и околу станбените објекти.  И покрај лошите временски услови и дождот се  собраа 80 м³ отпад  кој беше транспортиран на градската депонија.

Акцијата покажа дека за жал ниско е  нивото на еколошка култура на поедини граѓани,која   создава грди и тажни слики особено околу станбените објекти. Општина Велес апелира до граѓаните да се однесуваат со достојна почит кон својот град и заедниците во кои живеат и да станат пример за помладите генерации. - реагираа од локалната власт. 

Акцијата се спроведе на  четири локации: излезот од Велес кон Башино село,околината на Агенцијата за вработување на потегот до објектите на поранешен Пензионерски дом и училиштето ЈХК „Џинот“, улицата „Meтодија Андонов -Ченто“, со косината на надвозникот  кај Битолска пруга со пешачката патека на ул. „8 ми Март“ и паркот до зградата ХИВ, со брегот на Вардар и улиците „Благој Нечев“ и „Трајко Панов“. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »