речник контакт

Аднан го најавува неговиот прв албум

Талентираниот Аднан Куртов (еден од откритијата на М2 продукција од 2002. одина), наскоро ќе ја промовира својата нова песна – синглот Екстаза...

Аница Солева

Талентираниот Аднан Куртов (еден од откритијата на М2 продукција од 2002. одина), наскоро ќе ја промовира својата нова песна – синглот Екстаза, која, како што вели тој, и е посветена на неговата мистериозна муза. Музиката и аранжманот се на Аднан, а текстот е дело на Горан Митковски – Митка. Патем, Аднан за прв пат се јавува како продуцент... Песната Екстаза е снимена во домашното студио на Аднан во Велес - Rock Star Recordings, а наскоро таа ќе ја добие и својата ремикс верзија. За тоа е задолжен Сашко Костов, член на велешката рок-група Bad Sector. Инаку, Екстаза е најава за деби-албумот на Аднан, кој светлината на денот би требало да ја здогледа до крајот на ова лето. Албумот ќе изобилува со R&B, електро панк, хип-хоп... вели Аднан за МММ и додава – На повеќето од песните се јавувам како автор и продуцент, а истите се снимени во моето студио во Велес... Извор: [url=www.mmm.com.mk/Text1a.asp?id=4633&Rubrika=Vesti]www.mmm.com.mk[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »