речник контакт

Академскиот сликар Ангел Петров одбележа 60 години творештво (фото)

Тој 40 години едуцираше ученици од градот како професор по ликовна уметност. Учествувал на над 200 групни изложби, а има реализирано 44 самостојни изложби, во земјава и странство

Петар Печков

Во Ликовниот салон вчеравечер  беше отворена 45. самостојна изложба на велешанецот,  академскиот сликар Ангел Петров. На овој начин тој  одбележува 60 години од неговото творештво. Дел од неговите дела се наоѓаат и во јавните институции во Велес и во многу приватни колекции. Авторот Петров се заблагодари на сите кои дојдоа на изложбата почитувачи на неговото дело, опус, пријaтели. 

Се гордеам со Вас. Јас ја барам светлината, оти светлоста е живот. Кога едно дете се раѓа тоа прво ја бара светлината - рече Петров на присутните. 

Роден е 1933 година во Велес. Средно уметничко училиште завршува во Скопје как Лаар Личеноски. Дипломирал на Академијата за применета уметност  1962 година, каде студирал во класата на професорот Винко Грдан. Петров е член на ДЛУМ од 1967 година. 

Учествувал на над 200 групни изложби, а има реализирано 44 самостојни изложби, во земјата и странство.  Еден дел од животот, од 1963-та работеше како педагог по ликовна уметност во велешките училитша, и едуцираште илјадници ученици се до пензионирањето 1993-та. 

Во Ликовен салон Велес се презентирани 101  дело, на ретроспективната изложба по повод 60 години од неговото творештво  од петте ликовни фази: пејсажи, актови, коњи, портрети и стара велешка архитектура, работени во повеќе ликовни техники; масло на платно, акрилик, пастел, комбинирани техники.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »