речник контакт

Актери од велешки театар заминаа, нови нема

Како да се пополни уметничкиот ансамбл на велешкиот театар

Петар Печков

Со отворањето на новиот театар ,,Комедија,, во Скопје, велешкиот,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,, го напуштија двајца актери Едмонд Сотир и Роберт Ристов а за две години во пензија ќе заминат и двајца други актери Љубе Терзиев и Александар Ѓоргиев. Ова го отвора прашањето за комплетирање на велешкиот театар, ако се има предвид дека од следната година, тие ќе играат во нова заграда и нови современи услови. Министерката за култура го пофали ангажманот на велешките  глумци но не прецизира дали и како ќе се пополни уметничкиот ансамбл на театарот.

Во условите  го какви работи велешкиот театар, задоволна сум како тој работи. Тие одржаа голем број премиери и ја реализираа програмата која беше одобрена од Министерството за култура. И во иднина ќе даваме поддршка на театарот .Континуирано водиме сметка  за уметничкиот кадар дали одат во пензија или во друга куќа, да не се случи вакуум. Во Велес  изминатите години се вработија доста лица. Тие што заминаа е по нивна волја и желба – рече министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Директорот на велешкиот театар  Јордан Витанов најавува дека актерите кои заминаа ќе ги играат нивните ролји во велешките претстави а Сотир е ангажиран и во  премиерата која се подготвува наскоро да се прикаже.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »