речник контакт

Актерот на Битолски театар, Слободан Степановски годинешен добитник на актерската награда „Петре Прличко“

За наградата биле предложени петмина актери

Петар Печков

Битолскиот актер  Слободан Степановски, член на тамошниот театар,  е годинешен добитник на актерката награда  „Петре Прличко„ за 2020-та година, одлучила едногласно жири комисијата.   Одлуката ја соопшти градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на прес конференција, поради тоа што членовите на комисијата биле спречени да присуствуваат.  

Степановски како тимски играч,  истрчал 43 години долга и пребогата кариера, маркирана со дури 90 одиграни ролји, Прличковец без дамка и задршка. Голем актер, достоен на  небесниот ктиторот на оваа награда - напиша во образложението жирито за одлуката за наградата.  

Жирито беше во состав Сашо Димовски театролог, Деан Дамјановски театарски режисер, Драган Миладиновски актер. Тие добиле  пет предлози- Игор Џамбазов од МНТ, Слободан Степаноски од битолски театар, Магдалена Ризова Черних од Театар Комедија, Горан Илиќ од кумановски театар, Дубравка Киселички исто така од кумановски театар.

Градоначалникот Коцески кажа дека поради состојба со ковид-19 наградата ќе биде врачена во некоја пригода, кога ќе може да се изведе театарска претстава во чест на добитникот. Наградата се состои од плакета „Петре Прличко“ и паричен дел од 30 илјади денари. Таа вообичаено се доделуваше за Денот на Општината 9-ти Ноември.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »