речник контакт

Актуелизирање на изградба на театарска зграда во Велес

На прес конференција одржана во Центарот за поддршка на невладините организации беше претставено граѓанското здружение составено од...

Петар Печков

На прес конференција одржана во Центарот за поддршка на невладините организации беше претставено граѓанското здружение составено од невладини организации од Велес и актерите од велешкиот театар чија цел е актуелизирање на изградба на театарска зграда во градот.

- Имаме катастрофални услови за работа, за следење и играње на претстави. Тоа беше повод заеднички цивилниот сектор и актерите  да реагираме и побараме дека е неопходно нова тетарска зграда во Велес, бидејќи таму условите се ужасни - изјави актерката Слободанка Чичевска. Таа потсети дека 10 години проектот за нов театар е готов но никако да започне изградбата и затоа апелира тоа да се случи што поскоро.

- Кога подготвуваме претстава на овие ниски температури завиткани сме со шалеви, со капи на главата и ќебиња преку себе, што не е достоинствено. Публиката е во полоша состојба бидејќи таа час и половина мрзне во салата. Затоа предлагаме сега на секоја претства на гледачите да им делиме ќебиња - изјави Зоран Љутков, актер.

Поради лошите услови за работа, децата од драмското Студио „Прличко“ ја прекинале работата се до пролет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »